СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Ново истражување откри изненадувачки ефекти на кафето врз мозокот

Ако пиете кафе веројатно сметате дека ништо подобро не може да ве расони. Едно ново истражување ја разгледува активноста на мозокот обидувајќи се да открие дали кафето влијае врз мозокот на начин на кој никогаш порано толку внимателно не бил истражуван.

Неврорадиологот Нуну Соуза, претседател на португалскиот медицински Универзитет Мињу, го водел истражувањето спонзорирано од Институтот за научни информации за кафето. Соуза и неговиот истражувачки тим користеле функционална магнетна резонанца, односно fMRI, за следење на крвотокот во мозокот и активирањето на невроните кај група луѓе кои пијат кафе во споредба со друга група кои не пијат кафе и тоа во три држави.

„Ова е прв пат ефектот на редовно пиење кафе врз нашиот мозок да се проучи со ова ниво на подробност“, пишува Соуза во студијата.

 

Како резултат на тоа, Соуза и неговиот тим откриле дека навистина постои врска меѓу пиењето кафе и поефикасна и корисна шема на врски во однос на моторичката контрола и будноста. Со други зборови, ако се чувствувате побудни откако ќе го испиете утринското кафе, ова истражување потврди дека овој пијалак го има тоа влијание на вашиот мозокот, пишува Eat This.

Покрај тоа, истражувачите открија и дека динамичната активност во неколку подрачја на мозокот укажува на тоа дека кафето може да ја зголеми и способноста за учење и фокус, како и за обработка и складирање на сеќавањата.

Постои и уште една врска која истражувачите ја откриле и тоа нешто кое помалку нѐ изненадува. Мозокот на учесниците во испитувањата покажал поголем степен на стрес после пиењето кафе.

Се чини дека студијата не истражувала дали кафето или едноставно кофеинот е она кое довело до таква појава. Но, дали тоа и воопшто е важно за љубителите на кафе?

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content