СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Најголем дел од апликантите на повикот на ФИТР се компании кои првпат конкурираат

На повикот за грантови за технолошки развој што го објави Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), најголем дел се компании кои првпат конкурираат.

Од вкупно пристигнатите 706 апликации, 540 се апликации од компании кои за првпат се јавуваат на повикот.

Ова, според директорот на ФИТР Коста Петров, покажува дека е постигната целта односно компаниите во Фондот гледаат партнер од доверба при реализацијата на новите можности и справувањето со предизвиците што ги носи пандемијата.

 

Анализата покажува дека и во услови на глобална пандемија, компаниите се насочени кон иновативни технолошко-напредни решенија и се подготвени да инвестираме заеднички во нивниот развој. Горд сум што добивме рекордно доставени апликации во однос на било кој досегашен јавен повик кој се спроведувал во Фондот, истакна Петров на денешната прес-конференција.

Вкупниот износ на инвестицииите што е планиран за проектите што ќе бидат одобрени е 63 милиони 109 илјади евра од кои 36 милиони и 300 илјади евра е износот побаруван од ФИТР, а компаниите се подготвени да вложат 26 милиони и 700 илјади евра.

Рекордно учество на овој повик има кај стартапите кои се застапени со околу 40 проценти од вкупниот број на примени апликации, а забележително е и учеството на компании кои во сопственичката или во управувачката структура имаат жени. Такви се 45 проценти од вкупно пристигнатите апликации на повикот.

Изборот на пристигнатите апликации ќе го прави Комитетот за одобрување на инвестиции во кој членуваат три нови членови – меѓународни претприемачи. Директорот на ФИТР се надева дека со едно вакво меѓунарно признато жири ќе се подигне квалитетот на избраните проекти и ќе се мотивираат поголем број на млади да инвестираат.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content