Земјоделие

Продолжен рокот за поднесување барања за субвенции за обработливо земјиште

Рокот за поднесување на барњата за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2018 година, наместо до 15 овој месец, ќе се продолжи до 12 јуни.

За таа цел министерството за земјоделство во координација со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе извршат измени на Уредбата за директни плаќања 2018, која што треба да се донесе на седница на владата.

Пролонгирањето на рокот е на барање на сточарите и ветеринарните друштва кои се изјасниле дека нема да имале време до првичниот рок 15 мај, да ја ажурираат бројната состојба на животните во регистарот на Агенцијата за храна и ветеринарство, што претставува услов за поднесување на барања за субвенции, говеда, обвци и кози.

Продолжување на рокот бараа и производителите на лозови калеми, кои посочија дека им е потребно дополнително време за да можат целосно да ја подготват потребната документација за мерката за субвенции за произведени и продадени лозови калеми.

Oвој пролонгиран рок важи за мерките за финансиска поддршка за сите земјоделски гранки. Воедно, рокот за аплицирање за субвенции за литар продадено млеко во октомври, ноември и декември 2017 година, наместо до 16-ти мај, ќе се продолжи до 23-ти мај.

Пролонгирањето на роковите нема да влијае врз динамиката на исплата на субвенциите, политиките на МЗШВ се навремена исплата на субвенциите тогаш кога им се најпотребни на земјоделците и запазување на законскиот рок.

Тагови
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани теми

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

error: Содржината е заштитена !!
Skip to content