СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

За да се прехрани едно семејство во јуни му требале МИНИМУМ 48.543 денари

На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48. 543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалаци се зголемени.

За храна и пијалаци во јуни биле потребни минимум 19. 805 денари, а за покривање на режиските трошоци 13. 416 денари. За превоз минимум на едно семејство му биле потребни 3. 720 денари, а за хигиена 3. 252 денари.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content