СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Битолското здравство го допре дното: За ставање катетер пациентот го пратиле во Прилеп

За едноставна интервенција да се постави катетер битолските хирурзи се изземале од одговорност, а пациентот го препратиле дури во Прилеп. Ваквиот чин наиде на одговор од прилепскиот доктор кој побара одговорност од директорката.

Македонското здравство постојано тоне. Таков пример ни пристигна од Битола каде во тамошната болница при 10 хирурзи, пациент за едноставна интервенција односно процес на ставање катетер пациент го праќаат во друг град да му се изврши интервенцијата.

Докторот од Прилеп не ги штедеше критиките

Од ургентната медицина во ЈЗУ Општа болница Прилеп не можеа да поверуваат во тоа дека во битолската болница не знаат или не сакаат да ја извршат интервенција. Докторот во Прилеп не ги штедеше критиките и побара одговорност од директорката на битолската болница. Таа пак, откако беше исконтактирана од редакцијата на Скопје1 вели дека не е запознаена со случајот. В.д. на оваа позиција е Елизабета Ивановска.

„Ставен катетер. За срамота при 10 хирурзи во Клиничката болница Битола се праќа пациент во Прилеп, за поставување на катетер на пациент со ретенција, крајно време директорот да си преземе и повеќе мерки да не се случуваат вакви работи. Здравството во Битола го допре дното“, пишува во извештајот.

Повеќе може да погледнете и од фотографијата.

Проблеми во битолската болница

Ова не прв ваков случај во битолската болница. Веќе подолг период сведоци сме дека таму има проблеми, а актуелен случај за пошироката јавност беше дека токму овде почина малото девојче Јана Христова. Тогашниот директор беше сменет, а како вршител на должност дојде Елизабета Ивановска.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content