СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Традиционално одбележан Меѓународниот ден на Ромите

Со традиционално подигање на ромското знаме и интонирање на ромската химна, општина Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите 8. април.

Светскиот ден на Ромите се одбележува во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, одржан од 8-12 април 1971 година во Лондон и тоа е еден од најважните датуми во историјата на овој народ. На тој датум на конгресот се стретнале претставници на Ромите од 14 земји во светот.

Како една од најважните усвоени одлуки се одлуката за ромското знаме и официјална химна. Ромското знаме во долниот дел има зелена боја која ја симболизира земјата, а горниот дел е обоен со сина боја која го симболизира небото. Црвеното тркало кое се наоѓа во средина на знамето ги претставува патувањата и миграциите на Ромите.

Официјалната ромска химна се темели на старата ромска песна Џелем, Џелем . Првиот конгрес на Ромите во Лондон резултираше и со прогласување на официјален ромски јазик, како и официјално прифаќање на називот „Ром“ што на ромски значи човек.

На четвртиот светски конгрес на Ромите одржан 1990 година во Полска, решено е 8 април, денот кога е отворен првиот конгрес во Лондон, да се прогласи за Светски ден на Ромите кој секоја година ќе се одбележува во целиот свет. Ромите се најбројното етничко малцинство во Европа.

Тие на Стариот континент живеат над 700 години. На првиот Светски конгрес на Ромите во 1971 година во Лондон. е усвоено официјалното име – Роми. Денес во Европа живеат околу 12 милиони Роми.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content