3емјоделците пред општина Прилеп

72

Главно, бараат исплата на сите заостанати субвенции, мерки, ковид пакетите за тутунарите и за лозарите, повлекување на законите за зелена такса и за продажба на земјоделското земјиште.

Според Игор Мирчески, координатор на пет земјоделски здруженија проблемите се напластени.

 

Со неисплатени субвенции, мерки, подмерки, ковид пакети за тутунарите и лозарите, со најави за закони за зелената такса и за продажбата на земјоделското земјиште и со куп проблеми, ситуацијата за земјоделците е тешка. Решивме да го направиме овој предупредувачки протест токму на ден Петровден да го кренеме гласот и да ги предупредиме надлежните дека во државата земјоделството не ни оди на добро. Да земат предвид дека оваа категорија ја рани нацијата и финансиски придонесува во буџетот, изјави Мирчески нагласувајќи дека протестот не е партиски.

Стојче Ташовски, претставник на оризопроизводителите од Кочанско изјави дека оризопроизводителите имаат проблеми со откупот и непродаден лански род, а на прагот е новата жетва.

И кај нас, оризарите, ситуацијата е катастрофална. Откуп немаме, цената одеднаш падна, а еве за два месеца имаме нова реколта и жетва. Голем проблем е што дури 50-ина насто од ланскиот род е останат, непродаден, вели Ташовски.

За лозарите е најбитно да има гарантирана цена за откуп на грозјето што ја бараат три години.

Ние бараме од државата и од лозарите да си има заштитна, почетна, најмала цена за грозјето, од која винариите не смејат да одат пониско. Ова го бараме три години и никако се нема слух. Бараме најмалата за вранецот да биде 17 денари, а 15 денари за смедеревката, плус три денари од државата, вели Тане Јошев, регионално здружение „Тиквешки лозароовоштари“ од Кавадарци.

Земјоделците најавуваат радикализирање на протестите низ повеќе региони доколку наскоро не се решат проблемите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content