Министерот Филипче во посета на битолската болница

Битолската болница ќе биде прва во Македонија каде магнетната резонанса ќе работи 24 часа секој ден, најави денеска министерот за здравство Филипче. На овој начин треба да се намалат долгите листи на чекање. Пилот проектот се очекува да започне од 5 до 10 август.

-Има доволен број радиолошки техничари, кои можат да ја покријат таа служба во период од 24 часа и очекувам листите на чекање значајно да се намалат. Ако покаже резултати, а тоа е модел имплементиран во Загреб, после таквиот модел листи за чекање практично снемало, ние ќе го имплементираме на други места во државата, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Министерот најави и дека е при крај изградбата и инсталацијата на линеарниот акцелератор во Битола, со кој за прв пат во овој дел од земјава ќе се понудат онколошки сервиси, а пациентите нема да треба да патуваат до Скопје.

-Планираме прием на персонал каде ќе биде сместена машината, линеарниот акцелератор, неколку фази се поминати, останува да се надгради електронскиот систем, да се едуцираат докторите и физичарите кои ќе работат, се надевам дека следните месеци тој процес ќе се финализира и тој центар ќе проработи, изјави Филипче.

Битолската болница се соочува и со недостаток на лекарски кадар, па така ќе се вработат 80 луѓе од кои 30 ќе бидат доктори.

-Со оглед на тоа дека интересот е поголем, разгиваравме да се побараат уште дополнителни места, посебно за доктори, а до нова година, ќе определиме средства од буџетот да се вработат уште 100 луѓе, од кои најмногу доктори и медицински сестри, изјави Филипче.

Според министерот, на овој начин ќе им се овозможи на младите доктори да останат во земјава.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ