Самит за Западен Балкан во Лондон

Македонија заслужува  чиста одлука за почеток на преговорите со Европската Унија , порача шефот на македонската дипломијата Никола Димитров од Лондон.

На самитот за Западен Балкан, тој истакна дека интеграцијата во ЕУ и НАТО ќе преставува  смирувачки фактор за целиот регион, но ќе значи и поттик за внатрешна трансформација на македонското општество.

Димитров е уверен дека референдумот наесен ќе успее, но не може да прогнозира дали наредната година ќе ги почне преговорите.

Една од главната лекции во минатото ни беше како национализмот се користеше за покривање на корупцијата и злоупотребата на службената должност. Ова е борба меѓу минатото и сегашноста, национализмот и патриотизмот, чувството дека сме жртва, дека соседите се лоши. Ќе го сториме најдоброто и верувам дека ќе биде доволно. Верувам дека луѓето во Македонија во минатото правеле мудри избори на вакви историски крстосници. Подобро е опозицијата повеќе да мисли на земјата, отколку на својата политичка кариера, но сите ќе созрееме во тој процес

Според еврокомесарот  Хан  референдумот е слободен избор на граганите и доколку земјата ги исполни условите членките на Унијата се обврзани да реагираат  позитивно.

Хан повтори  дека согласно   Стратегијата за Западен Балкан , Унијата нема да прифаќа нови членки со нерешени конфликти и спорови со соседите.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ