Општините од Источниот плански регион должат 15 милиони евра

Општините од Источниот плански регион со вкупен долг од 15 милиони евра. Лидер е општина Делчево која должи 4 милиони евра.

Годишниот општински буџет со наменските дотации за сите области е под оваа сума, а во меѓувреме извршителите ги продадоа сите објекти кои беа во владение на општината и ставени под хипотека.

– Основниот буџет ни е некаде околу 1,5 милиони евра, така што тешко се справуваме и немаме некое стопанство за да можеме долгот да го намалиме-изјави ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДЕЛЧЕВО

Општина Пробиштип за шест месеци врати 17 милиони денари и куртули од блокада на сметката и тоа само како резултат на разбирањето на правните субјекти за состојбата во која се нашла локалната самоуправа. Пробиштип сега должи нешто повеќе од 2, 5 милиони евра, но се надева дека со продажба на градежно земјиште ќе успее да анулира дел од долгот.

– Едно краткорочно решение ќе следи во овој период, во месец јули, меѓутоа со тоа не го решаваме проблемот. Решение за општина Пробиштип е кредитот најавен од Владата на Р.М., со кој ќе можеме на рати и ануитети секоја година да ги предвидуваме во нашиот буџет, да работиме домаќински, да заштедиме и на тој начин и да го отплаќаме долгот на општина Пробиштип кој што го наследив, но и да можеме да ја реализираме програмата која ја ветивме на граѓаните на О. Пробиштип – изјави ДРАГАН АНАСТАСОВ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРОБИШТИП

Премиерот на општините им вети кредит од 120 милиони евра, со ниски каматни стапки и рок на исплата од 15 до 20 години.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ