Македонија домаќин на ЕП во планинско трчање

Македонија и натаму посакувана спортска дестинација откако нашата земја ја доби организацијата на Европското првенство во планинско трчање во сениорска и јуниорска конкуренција.

Организацијата на овој шампионат му е доделена на градот Скопје и ќе се одржи на 1. Јули на Средно водно.

Сениорите и јуниорите ќе трчаат во екипна конкуренција и поединечно на машка и женска трка.

Од Агенцијата за Млади и Спорт

и атлетската федерација на Македонија истакнуваат дека е обврска и голема одговорност да се организира добро првенство со што би се трасирал патот за добивање  на организација на Европското првенство во екипна конкуренција во 2019-тата година.

Претседателот на атлетската федерација Крсто Серафимовски смета дека Македонија ќе има  голем бенефит од оваа манифестација како  омасовување  на атлетскиот спорт, посебно на планинското трчање  и претставување на убавините и можностите кои ги поседува  планината Водно, и секако промоција на Скопје и републиката.

Се очекува настап на атлетичари од 28 земји кои ќе бидат претставени на дефиле на 30-ти јуни на плоштадот Македонија.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ