Одржана традиционалната манифестација „Сите на велосипед“

Повеќе од 400 љубители на велосипедот денеска се вклучија во манифестацијата „Сите на велосипед“, која по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, по 13-ти пат се одржа во Прилеп.

Манифестацијата е во организација на велосипедскиот клуб „Илинден“, Сојузот на училиштен спорт на Прилеп и Велосипедската федерација на Македонија, а под покровителство на Општина Прилеп.

Дел од учесниците во оваа манифестација беше и градоначалникот Илија Јованоски, кој не пропушти уште еднаш да ја нагласи важноста од возењето велосипед не само за натпреварувачки цели , туку и од рекреативен карактер.

„Возењето велосипед го зајакнува здравјето и духот посебно кај младите луѓе, со него побрзо ќе стигнете на крајната дестинација од било кое друго моторно возило, велосипедот е важен од еколошки аспект и секогаш е поевтино да се патува со велосипед. Во оваа прилика, уште еднаш сакам да го честитам денешниот празник
24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј и да им го честитам именденот на сите што го слават“, изјави градоначалникот Јованоски, којшто е активен учесник во оваа рекреативна велосипедска тура.

Претседателот на велосипедскиот клуб „Илинден“, Драган Димитријоски, нагласи дека Прилеп е единствениот град во кој се одржува ваква манифестација, на која љубителите на велосипедизмот возат рекреативно од центарот на Прилеп, до спортскиот аеродром во с. Мало Коњари и назад.

„Традиционално, по 13-ти пат, манифестацијата ‘Сите на велосипед’ се одржува само кај нас, во Прилеп. Бројот на учесници е секогаш голем, сигурно има преку 400 велосипедисти. Благодарност до Општина Прилеп што и овој пат е покровител на оваа манифестација“, изјави Димитријоски на почетокот на ова рекреативно празнично дружење.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
РАДИО ХОЛИДЕЈ