Денови на Крали Марко

„Денови на Крали Марко“ е настан кој  ќе се случи на 17 мај во четврток со почеток во 10.00 часот во дворот на црквата Св. Никола во населба Варош.

Учениците од ООУ „Блаже Конески“ преку историски  и литературен час, цртање на тема „Крали Марко и Марковите кули“ и со пригодна програма, ќе не потсетат на неговите јуначки дела.

Годинава „Деновите на Крали Марко“ започнуваат со Анимиран филм за „Крали Марко“, изработен од учениците од Прилеп и Краљево, а на 17 мај оваа недела на мултимедијалното плато во Варош, „Децата ќе го цртаат Крали Марко“, манифестацијата „Денови на Крали Марко“ ќе заврши со концертот на La Colonie Volvox.

Целта на ова случување е да се потсетиме на времето во кое што живеел легендарниот македонски крал, односно преку филм, цртање, раскажување на народни приказни и легенди поврзани со името на познатиот јунак, да се потсетиме на неговиот живот и дело.

 

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ