Во четврток започнува исплатата на субвенциите за тутунот

Во четврток, оваа недела, ќе започне исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017 –та.

Kако што соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во моментов ги подготвува решенијата за исплата по што ќе следува исплатата на субвенциите.

Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.

Во однос на просечната откупна цена на тутунот, оваа година се постигна убедливо највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм.

Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа кој започнува со реколтата 2017, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари субвенција, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи.

Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција. Тутунопроизводството е значајна гранка за македонското земјоделство, која што носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
РАДИО ХОЛИДЕЈ