„Ничија земја“ на МНТ ќе го отвори годинешното издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Од 8 до 15 јуни, во Прилеп ќе се одржи 53-тото издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Во официјалниот дел на фестивалската програма се наоѓаат 12 претстави на македонските професионални театри и независни театарски групи. Тоа на денешната прес конференција го соопшти Катерина Коцевска, селектор и уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Фестивалот ќе го отвори претставата „Ничија земја“ на Македонскиот народен театар од Скопје. Во седумте натпреварувачки денови, ќе бидат прикажани и следните 11 претстави:

„Клетници“ од Виктор Иго, режија Мартин Кочовски, театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп;

„Жените“, од Роберт Томас, режија Ќендрим Ријани, Албански театар Скопје;

„Бог на масакрот“, од Јасмин Реза, режија Нела Витошевиќ, НУЦК „Ацо Шопов“ Штип;

„Крал Лир“, од Вилијам Шекспир, режија Диего де Бреа, Турски театар Скопје;

„Ужегнатост“, од Иван Вискочил, режија Владимир Милчин, независна театарска група „Артопиа“;

„Дони Дарк“ од Леонард Герш, режија Роберт Ристов, театар „Комедија“ Скопје;

„Царот Владислав“, од Борис Јанков, режија Бранко Ставрев, НУЦК „Антон Панов“ Струмица;

„Лет над кукавичјото гнездо“ од Дејл Васерман и Кен Киси, режија Ристо Алексовски, Драмски театар Скопје;

„Еднаш свет изградив“, по романот „Сидарта“ од Херман Хесе, режија Јане Спасиќ, Театар за деца и младинци Скопје;

„Тоалет за дами“ од Родолфо Сантана, режија Дејан Данјановски, театар „Јордан Х.К. Џинот“ Велес и

„Доктор Фауст“ од Кристофер Марлоу и авторски текстови на режисерот, драматургот и актерската екипа, режија Андраш Урбан, Народен театар
Битола.

Наградите за животно дело годинава ќе им бидат доделени на актерот Петре Арсовски и композиторот Љупчо Константинов.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
РАДИО ХОЛИДЕЈ