Концесија за геолошки истражувања на мермер

Македонско – турската компанија „Волостон“ на 25 април годинава го потпиша договорот со Министертсвото за економија тежок 7,3 милиони евра, за концесија за геолошки стражувања на мермер во областа Самарница, која се се простира на 4,6 км 2, од кои 1/3 се наоѓаат во Општина Прилеп, а 2/3 во Општина Долнени.

„Планираме во рок од 4 години да инвестираме околу 22 милиони евра, ќе имаме голема фабрика со 500 вработени, а првата година ќе се вработат 100 мина“, истакна Абдулметали Буши, концесионер.

78% од парите одат за општините, а 22 “ во буџетот на државата.

„Ние како Влада сега очекуваме општините овие средства да ги користат за инфраструктурни проекти, водоводи, канализации и локален економски развој“, вели Крешник Бектеши, Министер за Економија.

Средствата веќе биле легнати на сметките на општините.

„Овие средства кои веќе пристигнаа на нашите сметки ќе бидат искористени за вас граѓаните со подобрување на инфраструктурата и реализирање на нашите проекти“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

„Имаме населени места каде најголемиот проблем му е водата за пиење, имаме населени места каде нема канализација“, додаде Џемил Ќамили, градоначалник на Долнени.

Општина Прилеп ќе добие 2 милиони евра, а Општина Долнени 3,7 милиони евра.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
РАДИО ХОЛИДЕЈ