Се чисти каналот од Дабничка река

Во населбата „Тризла 2“ се чисти речниот канал на Дабничка Река од насобраниот смет. Прилепската фирма „Алфа и Омега“ во рамките на своите активности за општествена одговорност со сопствена механизација го отстранува сметот, го чисти речното корито.

Денеска градоначалникот Илија Јованоски изврши увид на теренот и како што рече, оваа активност е една од предизборните ветувања за подобрување на условите за живот на оваа населба.

„Каналот го чисти компанијата „Алфа и Омега“, која како и многу фирми од нашиот град, покажува општествена одговорност. Сакам да им се заблагодарам, затоа што ни излегоа пресрет, за да се заврши оваа работа, што е многу важна за граѓаните од Тризла 2. Во минатите години, за време на поплавите овде се јавуваа и дополнителни проблеми, а порано овде имаше и еден немил настан“, рече градоначалникот Јованоски.

Тој апелираше до месното население да води што поголема грижа за хигиената, за да не се загадува реката, со цел човечкиот фактор да не биде причина за несаканите последици, што можат да бидат предизвикани поради нечистотиите што се собираат во речното корито.

Жителите од овој дел на градот се задоволни од досегашниот ангажман на локалната самоуправа и на градоначалникот. Тие денеска побараа улицата што минува веднаш крај речноот корито да биде тампонирана. Како што рече Иса Алиоски, многу пати поранешната локална власт им ветувала
дека ќе го санира овој проблем, но ветувањата не биле исполнети. Поради тоа, велат и другите жителите, нивните деца газат во каллива улица.

Шенас Рушитоска, живее во овој дел од „Тризла 2“. И таа вели дека поради калта што се создава после секој дожд, на улицата немаат пристап возилата на Службата за итна медицинска помош, а не доаѓаат ниту такси возилата. Таа рече дека многу пати изминатите години, од поранешната локална власт барале да го реши нивниот проблем, но тоа до ден денеска не било направено.

После разговорот со граѓаните од овој дел на Прилеп, градоначалникот Јованоски им вети дека во текот на оваа година, улицата ќе биде тампонирана.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
РАДИО ХОЛИДЕЈ