Светскиот ден на книгата и авторското право одбележан во Битола

– Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола денеска  го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право 23 Април со промоција на книгите „Стандарден македонски јазик“ од проф. Виолета Јанушева и „Академско пишување 1“ на Јанушева и проф. Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Светскиот ден на книгата и авторското право е традиционален празник и значаен датум за Универзитетската библиотека  во Битола, посочи директорката Јелена Петровска.

– Годинава празнуваме со две нови значајни дела кои се посебно важни за академската заедница, а дополнителен квалитет е тоа што потписници на делата се претставници на академската заедница, рече Петровска во поздравното обраќање.

Книгите ги промовираа професорите Људмил Спасов, Димитар Пандев, Добри Петровски и Ирина Петровска.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ