Македонија очекува чиста препорака и безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ

Македонија очекува ЕК утре во Извештајот за напредокот на земјата да излезе со безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Во документот се очекува да биде нотиран прогресот направен со надминување на политичката криза и исчекорот во добрососедските односи. На внатрешен план ќе се констатира одреден напредок, како и охрабрување за интензивирање на реформите во приоритетните области.

Секако, самата препорака не значи и дека веднаш ќе ги започнеме преговорите за членство бидејќи таа подоцна ја оценува Советот на Европската Унија, каде да потсетиме дека Грција повторно има право на вето со проблемот за името кој и натаму не е решен.

Извештајот на ЕК треба да биде познат утре со сите забелешки, коментари и препораки, со целокупна оценка за напредокот на демократските процеси.

Потоа следниот ден на официјална посета на Скопје доаѓаат еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јонанес Хан, како и високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
РАДИО ХОЛИДЕЈ