Изложба на Јасмина Руневска во Прилеп

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер од 19.30 часот ќе биде отворена изложба „Превдомување“ на прилепската уметница Јасмина Руневска.

Станува збор за инсталација – имитација на дом преку затворена композиција, изработена со метална конструкција и саргии. Инсталацијата е во вид на кружна соба исполнета со објекти, сувенири, звук, светлина, миризби со цел гледачот да се воведе во приказната за амбиентална уметност.

Центарот за култура соопшти дека визуализацијата на домот раскажува нешто повеќе за идентитетот, традицијата и колективното несвесно.

– Делата на Руневска ги истражуваат проблемите на современиот женски идентитет преку меморијата и јазикот. Тие се состојат од мали субјективни приказни кои се движат помеѓу објекти, линии, зборови, звуци и претставуваат отворени дела кои оставаат простор за повеќеслојно исчитување, соопшти прилепскиот Центар за култура за изложбата на Руневска која досега се претставила и во Индија, Франција, Турција, Србија.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
РАДИО ХОЛИДЕЈ