Претставници на МЗШВ на средба со производителите на зелка и со откупувачите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека континуирано ја следи состојбата со откупот на зелката и откупната цена и најави дека негови претставници денеска ќе остварат заеднички состанок и со производителите на зелка и со откупувачите, со цел, како што се наведува, да се најде решение кое ќе биде од заеднички интерес.

– Во изминатите две недели, претставници на МЗШВ и на Владата одржаа неколку состаноци и со земјоделците и со откупувачите на зелка, на кои беше презентирана актуелната состојба со откупот и цената на зелка, и се слушнаа ставовите на двете страни, се наведува во соопштението.

Пролетната зелка во моментов се извезува во Русија, Полска, Романија, Белорусија и Украина.

Паралелно, како што се посочува, МЗШВ работи на долгорочна стратегија за обезбедување на сигурен пласман и откупни цени, како и на создавање на цврсто договорно производство помеѓу земјоделците и откупувачите.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
РАДИО ХОЛИДЕЈ