По 10 годишен застој започнуваат активностите за уредување и реафирмирање на Маркови кули

Со 100 илјади евра од УНДП почнуваат активностите за повторно реафирмирање и уредување на комплексот Маркови кули.

Експертите тврдат дека скоро 10 години воопшто немало ниту афирмативно поставување ниту истражување  врз овој значаен и уникатен геоморфолошки комплекс кој датира од пред 700 милиони години пред нашата ера. Тој се простира на површина од 4 илјади квадратни километри и се наоѓа на привремената но со тенденција да биде евидентиран на постојаната листа  на УНЕСКО.

Во Прилеп  денеска ќе бидат обелоденети и другите  грантови за заштита на природата преку  посебна финансиска програма програмата  од Европска унија.

На Маркови кули, близу  Слоновата карпа, за овој голем зафат ќе говорат  шефот на делегацијата на ЕУ , Самуел Жбогар, постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Според информациите од ЕУ и УНДП седумнаесет апликанти, општини и граѓански здруженија добија грантови во висина од 50.000 до 100.000 евра за проекти за заштита на природата.

Овие грантови ќе бидат доделени на националните паркови Пелистер, Галичица И Маврово, Дојранското, Охридското и Преспанското езеро, Јасен како строг природен резерват и кањонот Матка како споменик на природата.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ