Во понеделник продолжува обесштетувањето на доверителите на ФЕНИ

Досега се инвестирани над 60 милиони евра во рестартирање на „Фени индустри ” и откуп на побарувањата кон оваа компанија, со план за дополнителни инвестиции во наредните недели, преку соопштение информираа денеска од Еуроникел.

Производството на фероникел, велат, беше обновено на почетокот на март, а вработените, транспортерите и другите добавувачи се вратија на редовните активности.

„По објавата минатата недела, пристапивме кон комерцијални разговори со необезбедените доверители чии побарувања беа утврдени во стечајната постапка на „Фени”. Повеќе од 80 проценти од вкупниот број необезбедени доверители одговорија позитивно и досега се потпишани договори со поголемиот дел од нив. Првите исплати по потпишаните договори беа направени минатиот четврток и петок, а процесот ќе продолжи од понеделник следната недела“, соопштија од компанијата.

Додаваат дека покрај необезбедените доверители, завршило и преземањето на побарувањата на трите локални банки кон „Фени”, по што било поднесено официјално известување до судот во Велес дека тие побарувања се преземени и се потврдила намерата за поднесување план за реорганизација, заради континуитет на активностите за производство на фероникел.

Ги охрабруваат сите останати доверители кои се уште не ги контактирале и не започнале преговори, да стапат во контакт со правните советници, адвокатското друштво Поленак, за преземање следни чекори.

„Ние сме големи оптимисти во врска со динамиката со која се одвиваат работите и брзината со која ги започнуваме позитивните промени во “Фени”. Секоја од овие промени значи чекор напред кон сигурна, продуктивна и профитабилна иднина за комбинатот и колку побрзо ги поместиме активностите на “Фени” надвор од стечајната постапка, ќе можеме да се посветиме кон засилено производство и пласман на производите на фероникел на европскиот и светскиот пазар. Плаќањето на утврдените обезбедени и необезбедени доверители е еден од клучните чекори во таа насока, рекол Маркос Камхис, директор на ГСОЛ, матичната компанија на Еуроникел, по неговата посета на Скопје“, стои во соопштението.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ