Стартува продажбата на картите за „Ф4“ на СЕХА лигата

Од денеска почнува продажбата на блок билети за СЕХА Ф4 турнирот што ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански” во Скопје од 13 до 15 април.
Блок билети ќе се продаваат до 1 април и ќе важат за двата натпреварувачки дена. Можат да се купат преку http://ticketplus.mk/, а нивната цена е од 300 денари.
Од 2 април ќе почне продажбата на поединечни билети и тоа по цена од 200 денари за еден натпреварувачки ден.
Воедно, направена е и промена на термините на одигрување на полуфиналните натпревари.  Сатниците ќе останат исти,но „Фајнал-форот“ ќе го отвори бранителот на титулата Вардар кој ќе се судри со Мешков Брест (17.45 часот), додека вториот полуфинален дуел меѓу ППД Загреб и Целје Пивоварна Лашко ќе се одигра од 20.15 часот.
Распоред на натпревраи:
петок, 13 април:
Вардар – Мешков 17:45 часот
ППД Загреб – Цеље 20:15 часот
недела, 15 април:
меч за 3 место – 17:45 часот
финале – 20:15 часот

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ