Земјоделците бараат законски измени за формирање задруги

Со речиси 2 милиони евра ќе се подобрува пазарната конкурентност за земјоделците. Се бараат законски измени за формирање задруги. Проектот е финансиран од Европската унија.

Земјоделците бараат измени во Законот за персонален данок за задругите и за задружна ревизија. Асоцијацијата вели дека ова се дел од причините за слабиот интерес за формирање задруги, за кои сметаат дека се најдобриот модел за економски бенефит и рурален развој.

Од декември почнува проект за земјоделски задруги, финансиран од ИПА програмата, вреден речиси 2 милиона евра.

Целта е поттикнување на задругарството и зголемување на конкурентноста.

Преку проектот ќе биде обезбедена техничка и финансиска помош за развој на 8 постојни и за создавање 13 нови земјоделски задруги. Досега се формирани 39.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ