Работна средба по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

По повод 21 Март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, во Министерството за труд и социјална политика се одржа работна средба со претставници на граѓанските организации ,,Трисомија 21’’, ,,Центар за Даунов синдром’’, како и со родители и лица со Даунов синдром.

На средбата се разговараше за барањата за подобрување и заштита на правата и интересите на овие наши сограѓани од областа на детската и социјална заштита, работните односи и пензискиот систем, како и за претстојните реформи во делот на обезбедување услуги и поддршка на овие лица во нивното место на живеење.

Министерката Царовска ги извести присутните дека Владата на последната седница го усвои Проектот за воведување  професионална рехабилитација и планот за отворање два центри за оваа намена, во Скопје и во Струмица, како и за активностите кои се преземаат во насока на деинституционализација.

Во однос на Дневниот центар за деца со Даунов синдром во Скопје, чија изградба и опремување е во завршна фаза, договорена е динамика за изработка на програмата за работа на овој центар според потребите и барањата на корисниците​.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ