Отчет за трошењето на народните пари

Отчет за трошењето на владините министри и други функционери. Споредено со периодот на Владата на Никола Груевски, помалку пари се дадени за непродуктивни трошоци, вели министерот без ресор, Поповски. Граѓаните можат да направат увид и на официјалниот сајт на Владата.

За првпат од осамостојувањето на земјава, јавноста ќе има увид во трошењето јавни пари од функционерите во Владата. Воведувањето на алатката- отчетност за трошоците на владината веб страна ги дава податоците за тоа колку и за што 60 фунционери ги трошеле парите на граѓаните, изјави министерот Поповски.

Анализата на софтверот покажува дека за шест месеци Владата предводена од Зоран Заев во периодот од 1-ви јуни до 1-ви декември 2017-та, вкупно потрошила 355.942 евра што е двојно помалку од потрошеното од Владата предводена од Никола Груевски во периодот од 1-ви јуни до 1-ви декември 2014-та година, кога биле потрошени 730.242 евра, вели Поповски.

Поповски апелираше до функционерите кои користат државни пари во работењето, односно од локална самоуправа, пратеници, обвинителство, регулаторни комисии да го следат овој пример. Тој додаде дека е многу битно користењето на наративниот дел од софтверот, во кој треба текстуално да се опише за што биле потрошени парите.

За екс- премирот Груевски, ваквите споредби за трошењето пари се нереални. Тој посочува дека неговите службени патувања биле со цел и дале ефект, бидејќи придонесле да бидат донесени странски инвеститори во земјата и да се отворат над 180 илјади работни места.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ