Android телефоните се безбедни исто колку и iPhone

Давид Клајдермахер, шефот за безбедност на Android при Google, вели дека овој оперативен систем денес е безбеден исто колку што се безбедни и „оперативните системи на конкуренцијата“.

Кога станува збор за безбедносните проблеми, речиси секогаш се зборува за Android. Иако iOS на Apple не е недопирлив, сепак најголемиот дел од пропустите и нападите се забележани кај телефоните кои што работат на оперативниот систем Андроид.

Проблемот кај Android уредите е во тоа што пронајдените безбедносни пропусти тешко се поправаат, односно надградбите не можат да бидат испорачани на сите модели истовремено. Исто така, сопствениците на Android телефоните можат да инсталираат и апликации кои што не се наоѓаат на Google Play Store, па со тоа и полесно да превземат некоја малициозна програма.

Кога Google ќе пронајде некој пропуст, истиот веднаш се решава, меѓутоа Google мора да им го испрати на сите производители на паметни телефони кои што потоа тие мора да ги надоградат уредите, а тоа е процес кој што трае долго.

Сепак, ситуацијата во последно време се менува, па според Давид Клајдермахер, шеф за безбедност на Android при Google, овој оперативен систем денес е безбеден исто како и „оперативните системи на конкуренцијата“ – иако директно не го спомена iOS на Apple, сепак јасно е кој е најголемиот конкурент на Андроид.

Според годишниот извештај за безбедноста на Android кој што го објави Google, минатата година бил забележан голем чекор кога е во прашање безбедноста на овој мобилен оперативен систем.

Клајдермахер во разговор за CNET.com порача дека денес е се потешко да се пронајдат безбедносни пропусти кај Android и корисниците се многу добро заштитени од малициозен софтвер. Тој порача дека во изминатиот период е направен голем чекор кон подобрувањето на безбедноста, а во 2018-та година очекува и вкупниот процент на уреди со последните надградби да се зголеми.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ