Синдикатот на „Еурокомпозит“ бара да се разреши раководството

Синдикатот на прилепската фабрика „Еурокомпозит“ бара да се исполни и последниот услов од договорот со Владата- смена на раководството. Генералниот директор со изјава дека Владата е таа што назначува и разрешува.

Бараме смена на раководството на компанијата како еден од условите во договорот со Владата, соопшти денеска синдикатот на прилепски „Еуркомпозит“. Вработените добија просечна републичка плата, има работа, останува, велат, уште условот за кој е постигнат договорот.

Според раководството на „Еурокомпозит“ дел од проблемот е поради ревидирање на побарувањата што вработените ги имаат, зашто се намалуваат со периодите поминати во штрајк. За евентуални финансиски проблеми во фирмата, има надлежни институции кои може да ги испитуваат.

За раководството, Владата е таа која назначува и разрешува, но во краен случај, би понудило и оставка.

Синдикатот за исполнување на договореното со Владата остава рок од два дена. 260-те вработени имаат ангажман и договори со фирми за испорака на производи.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ