Општина Прилеп е дел од Програмата ROMACTED

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски учествуваше на промоцијата на Програмата ROMACTED „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“, заеднички проект на ЕУ и Советот на Европа.

Програмата има за цел да изгради политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти, во насока на јакнење на ромската заедница и подобрување на институциите во работењето на прашањето на инклузија на Ромите.

На денешната конференција, градоначалникот Јованоски со програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и со Министерството за труд и социјална политика, потпишаа Меморандумот за разбирање кој има за цел обезбедување рамка за соработка за спроведување на Програмата ROMACTED.

Во своето денешно обраќање, градоначалникот Јованоски рече дека ромската заедница во Прилеп се соочува со голем број проблеми, како од егзистенцијален така и од инфрастуктурен карактер на чие решавање локалната самоуправа е маскимално посветена.

„Меѓу најгорливите проблеми за Ромите во Прилеп е невработеноста. Неопходно е целата заедница, поточно во спрега меѓу локалните и централната власт, да се решаваат и овие проблеми. Инклузијата на најмладите Роми во процесот на образование ги дава резултатите. Но, сепак неопходно е дел од граѓаните со преквалификации, доквалификации и други мерки да бидат конкурентна работна сила на пазарот на трудот. Што значи да конкурираат рамноправно на огласите за работа и да дојдат штопобрзо до соодветно работно место“, истакна Јованоски.

Од имплементацијата на програмата ROMACTED „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“, се очекува олеснување на пристапот на Ромите до јавните услуги.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ