Гинеколозите и Фондот ќе преговараат во четврток

По предупредувањето од матичните гинеколози дека нема да прегледуваат пациентки и само ќе идаваат упати директорите на Фондот за здравство во четврток ќе ги слушнат нивните барања.

После средбата ќе се знае дали ќе ги реализираат заканите и ќе извршуваат само административни работи или пак ќе добијат повеќе пари од фондовската каса. Здружението на приватни гинеколози и акушери бара зголемување на капитацијата од 50 на 60 денари, бодот да биде според возраста на пациентката и да се дефинира пакетот на услуги кои ги покрива Фондот. Зад ова стојат 140 матични гинеколози колку што има во државата. Во вчерашната преписка преку медиумите од ФЗОМ им вратија дека се најплатените специјалисти.

Инаку овој кадар е најдефицитарен и во јавното здравство, а недоволниот број на специјалисти е една од причините за зголемената смртност на новороденчиња. Граѓанските организации алармираат дека во многу рурални средини нема гинеколог, а има и поголеми градови каде не работат родилиштата бидејќи нема лекари. Од денеска состојбата на терен ја анализирааат и експерти од Светската здравствена организација.

Дека состојбата е загрижувачка неодмна предупреди и УНИЦЕФ. Статистиката покажува дека по смртноста на новороденчиња Македонија е на второ место во Европа веднаш зад Молдавија.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ