Македонија меѓу дното по бројот на новоотворени работни места во Западен Балкан

Македонија  речиси на дното, Косово лидер во регионот во однос на вработливоста минатата година.

Извештајот на Светска банка -Трендовите  во пазарот на трудот во Западен балкан  2018 – покажува дека со раст на вработеноста лани од скромни 2,7 отсто земјава се најде предпоследна на листата на Западан Балкан според бројот на отвороени работни места. Полоша од Македонија во бројките е само БИХ.

Косово  9,2 %

Србија 4,3%

Црна Гора 3,5%

Албанија 3,4%

Македонија 2,7 %

Босна и Херцеговина 1,9 %

И покрај тоа што стапката на невработеност  во земјава ланската година падна на 22, 4 проценти, Македонија сеуште е далеку од европскиот просек.

Причината за поразителните бројки во извештајот на  банката експертите ги лоцираат во немањето на регулатива која ќе стави крај на вработувањето на црно и добар бизнис амбиент кој ќе го предизвика стопанствотот да се впушти во нови инвестиции  кои би помогнале да се  отворат нови работни места. Сметаат дека држвата треба побргу да најде модел кој ќе го прилагоди образовниот систем на потребите на пазарот на трудот.

Во извшетајот се посочува дека за регионот сеуште клучен проблем е високата стапка на невработеност кај младите која изнесува 38 проценти. Оние кои подолго време чекаат да се вработат пак заработуваат и 20 отсто помалку. Иако е нотиран раст на вработувањето кај жените сепак  процентот сеуште е помал во однос на европскиот просек.

Во извшетајот  се преорачува остранување на пречките за вработување за да се намали миграцијата од регионот особено на  младите и образовниот кадар, како и да се воведе скратено работно време на повеќе работни места.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ