Џи Сол ја крши стечајната постапка во Фени

Закупецот на кавадаречки Фени, швајцарски Џи Сол почна со исплата на доверителите. Речиси сите транспортери ги добиле парите кои комбинатот им ги должеше за ланскиот превоз на руда.

Првиот човек на Здружението на траспортери, Трајче Пеовски ја потврди оваа информација и рече дека најголемиот дел од нив веќе почнале да возат за швајцарскиот закупец на Фени. Од фирмата Еуроникел, претставникот на џи сол за македонија, пред два дена, преку соопштение  се пофалија дека го почнале процесот на исплата. Потпишани се договори, а направени се и првите иплати, додека преостанатите доверители се во процес на поднесување на нивните барања до нас, велат од Еуроникел.

„Задоволни сме што го потпишавме договорот со банките и другите доверители, со што се потврдува нашата посветеност и сериозни и долгорочни планови како инвеститор во комбинатот. Досега подготвивме повеќе од сто договори со доверителите, а со останатите секојдневно сме во комуникација, со цел да ги забрзаме нивните исплати. Нашиот главен приоритет е комплетирање на побарувањата на кредиторите и излезот на ФЕНИ од стечајниот процес“ – изјави Герасим Кујунџиев, македонски директор на ЕуроНикел.

Спротивно на ова, дел од големите доверители на Фени велат дека досега ниту потпишале нешто, ниту пак добиле пари. Таков е случајот со кавадаречки Ролис, фирмата преку која Фени се снабдуваше со руда, а има побарувања од околу 4,1 милиони евра. Од Ролис се чудат зошто треба да поднесуваат барања до Еуроникел, кога нивните побарувања се веќе признати на суд, во стечајна постапка. Освен ролис, меѓу најголемите доверители во Фени се и Силк Роуд банка, ЕДС, Енекод, Мајнинг Феро Никел, УЈП, Нова Логистик и Ум Лимитид кои заедно побаруваат околу 20 милиони евра или една третина од вкупниот долг. Најголеми сепак се Комерцијална и Стопанска банка со побарувања од околу 36,5 милиони евра или повеќе од половина од вкупниот долг на Фени. Претходно, Џи Сол и банките објавија дека постигнале согласност швајцарскиот закупец да им ги откупи побарувањата.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ