Температурните шокови веќе предизвикуваат здраствени проблеми

Температурната разлика од 20-тина степени во едно деноноќие лошо влијае врз здравјето не само на хронично болните туку и на здравите лица, предупредуваат лекарите. Деновиве во Брзата помош совети барале и граѓани кои претходно немале болест туку поради температурниот шок чувствувале здравствени проблеми.

– Многу пациенти се јавуваат незнаат да си објаснат зошто им се случуваат некои работи. Поточно овие температурни разлики влијаат и кај здравите луѓе, се јавува една состојба, лично чувство на замор, летаргија, поспаност и неможат да го објаснат. Значи нема здравствена причина односно болест која што го предизвикува туку едноставно организмот нема време да се аклиматизира на оваа нагла промена на температурата и има потреба да се одмори односно аклиматизира, изјави за Сител д-р Марија Анастасова, шеф на смена во Брза помош Скопје

За полесно органзизмот да се прилагоди на драстичните температурни промени лекарите советуваат да се практикува физичка активност во текот на целата година.

-Почесто да се пешачи и да се практикува редовна физичка активност, додава д-р Ансатасова.

Инаку ваквите температурни шокови најмногу се изразени во пролет и на есен, но поради климатските промени последните години драстични разлики во температурата во едно деноноќие има и во зима и на лето.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ