Општина Прилеп се вклучува во еко акцијата – Час на планетата Земја

Денеска на плоштадот во центарот на градот, Општина Прилеп имаше свој штанд како најава на еко-акцијата „Час на планетата Земја“.

На граѓанките и граѓаните им беа делени флаери со информации за настанот што ќе се одржи на 24 овој месец. Општина Прилеп е во редот на општините во Македонија што ја поддржуваат оваа активност наменета за заштеда на електрична енергија и зголемување на зелениот појас. Според агендата за овој настан, Општина Прилеп ќе засади дваесетина садници на локација на патот за манастирот Трескавец, во т.н. „Парк на планетата Земја“.

Во вечерните часови поточно од 19.30 часот ќе се одржи трка како знак на поддршка на овие еколошки активности, која што ќе финишира до 20.30 часот. На најдобрите учесници во женска и машка конкуренција ќе им бидат врачени плакати и скромни подароци од Општина Прилеп. А, во соработка со подмладокот на о.о. на Црвен Крст – Прилеп во Паркот на Револуцијата ќе биде исклучена струјата од 20.30 до 21.30 ч. кога всушност е и „Часот на планетата Земја“. Во тој момент младите ќе запалат свеќи означувајќи го часот „60+“ со порака за заштеди на електричната енергија. Општина Прилеп апелира до своите граѓани во тој период да ја редуцираат потрошувачката во своите домови, давајќи свој придонес кон оваа еколошка акција.

Во Општина Прилеп во тек е пријавувањето на учесниците за најавената трка.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ