Саутемптон назначи нов менаџер – Марк Хјуз

По отказот на Маурисио Пелегрино, почна шпекулациите дека Марк Хјуз е прв кандидат за клупата на Саутемптон. Вечерва премиерлигашот го потврди Англичанецот за нов менаџер.

„Светците“ под водство на Пелегрино беа во ужасна форма со само една победа на последните 17 натпревари и моментално се наоѓаат само еден бод над зоната за испаѓање. Хјуз беше отпуштен од тоук во јануари годинава откако тимот западна во резултатска криза, а сега ќе има задача да го вади и Саутемптон од „калта“.

Тој е и поранешен фудбалер на Саутемптон за кого играше од 1998 до 2000 година, а во својата менаџерска кариера ги водеше тимовите на Блекбурн, Манчестер сити, Фулам и Квинс Парк Ренџерс.

„Предизвикот е голем и навистина сум возбуден. Ова е одлична шанса да се вратам во клуб, што многу добро го познавам и тоа не можев да го одбијам“, беа првите зборови на Хјуз по назначувањето.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ