ЈКП Комуналец со пролетна акција го средува градот

ЈКП „Комуналец“ започна со пролетна акција, за да се исчисти градот од нафрланата ризла и сè што оставила зимата до престојните велигденски празнувања. Вработените во ЈКП „Комуналец“, покрај темелното чистење на ризлата, почнаа и со миење на сите поголеми сообрајкајници.

„Акцијата за чистење на градот ја почнавме од централното градско подрачје по булеварот Гоце Делчев, па кон старо корзо, Кеј 9-ти Септември, Кеј 1-ви Мај, а ќе продолжиме со миење на улиците Прилепски бранители, Марксова, Егејска, Димо Наредникот, Александар Македонски. Ќе бидат опфатени сите поголеми сообраќајници, согласно со Програмата за работа. Покрај ова, ќе се изврши и темелно чистење на сите паркови во градот и населените места. Наскоро ќе се реализира и пролетно кастрење на дрвјата, за да им се продолжи животниот век и за да се создаде слободен проток за граѓаните, но и поголема естетика на дрвјата“, изјави в.д. директорот Ѕвонко Јованоски.

Од ЈКП „Комуналец“ најавуваат дека во соработка со локалната самоуправа, ќе се исчистат дивите депонии, а ќе се посвети поголемо внимание и на чистењето на речното корито.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ