Никос Коѕијас следната недела доаѓа во Скопје

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас следната недела доаѓа во Скопје – велат од македонското МНР за ТВ24, но не прецизираат кога точно кога ќе пристигне грчкиот министер.

Коѕијас во земјава се очекува да дојде со нацрт-стратегијата која ја подготви Грција за решавање на спорот со името. Тој претходно за тамошните медиуми ги повтори позициите на Атина за промена на уставот на земјава. Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров пак истакна оти покорисно е да се разговара за цели отколку да се акцентираат позициите на двете страни.
„Многу покорисно ќе биде да зборуваме за цели, што е целта на разговорите за надминување на разликата околу името. Што е целта што сака Грција да ја постигне, а што Македонија. Така поголеми шанси ќе имаме вистински да ја надминеме разликата и да дојдеме до некој компромис што ќе биде прифатен од двете страни. Ако акцентираме позиции во јавност ги намалуваме шансите.“ – изјави Никола Димитров – Министер за надворешни работи на Македонија.

Во меѓувреме, грчкиот весник „Та Неа“ пишува дека Коѕијас и Димитров ќе се сретнат на 22 и 23 март, а во фокусот на предлозите за кои ќе се разговара ќе се најде и прашањето за уставот.

„Никос Коѕијас на 23 март ќе се сретне со неговиот колега Никола Димитров, додека пак, претходната вечер ќе имаат заедничка вечера. Не е исклучено, грчкиот министер за надворешни работи да има средби и со други политичари од соседната земја, но програмата се уште се формулира.“- пишува „Та Неа“.

Димитров денеска се сретна со неговат ахрватска колешка Марија Пејчиновиќ Буриќ која ги поздрави напорти на двете страни за создавање на клима за разговори и порача дека земјата е на добар пат во евроатлантските интеграции, но дека прашањето за името е последната препрека, која треба да се помине.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

РАДИО ХОЛИДЕЈ