Мицкоски на средба со жителите на Конче

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денеска па во наредните неколку недели ќе биде на терески посети и средби со граѓаните низ целата држава.

По Струмица теренската посета ја продолжи во Конче каде имаше состанок со жителите и со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Конче.

-Разговаравме за нивниот живот, условите и предизвиците со кои се соочуваат. Ми раскажаа за нивните маки, за проблемите во земјоделието и тешките услови за живот. Велат, бесперспективноста и игнорирањето од владата се работите кои го зголемуваат нивниот револт. Тоа мора да се промени. Конче мора да добие шанса за развој и да биде во фокусот на вниманието на властите како што мора да бидат и сите други делови од нашата држава, Македонија, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
РАДИО ХОЛИДЕЈ