Марш во Скопје по повод 8 Март

Во организација на Платформата за родова еднаквост и на активистки за женски права, денеска по повод Меѓународниот ден на жената, во Скопје ќе се одржи вториот „Марш за правата на жените”. Земајќи го предвид родовиот јаз во економската, политичката и социјалната сфера на државата, Маршот за правата на жените ќе испрати порака дека родовата еднаквост е важен фактор кон постигнување на демократско и еднакво општество, се вели во најавата за настанот.
На маршот се поканети новинари, претставници на државни институции, општини, комисии за еднакви можности, невладини организации, пратеници, како и претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
РАДИО ХОЛИДЕЈ