Македонија и Србија постигнаа договор, правилникот за увоз на српско брашно ќе биде сменет

Николовски и Љајиќ постигнаа договор. Македонија ќе ги направи првите отстапки и уште денеска ќе го смени Правилникот за увоз на брашното. Маркици ќе се лепат само на вреќите од 25 и 50 килограми. За помалите количини постапката ќе се одвива во Србија. Ова е само почеток на долгорочно решавање на проблемите во трговијата меѓу двете земји вели министерот Николовски. За една недела во Белград ќе заседава Комитетот од двете Влади кој ќе расправа за сите отворени прашања.
Српскиот министер е задоволен од договорот. Вели дека отстапки има не само од македонска туку и од српска страна. За месец дена очекува да се најде системско решение не само за овој проблем туку и за сите вонцарински бариери меѓу двете земји.
Љаиќ додаде дека ако се елиминираат сите пречки размената меѓу двете земји може да достигне милијарда евра од сегашните 760.

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
РАДИО ХОЛИДЕЈ