Османи: ЕУ не сака алиби, туку испорачани мерки

Европската унија нема да ја интересираат внатрешни алибија, таа ќе сака да ги види испорачани мерките од Планот 3-6-9 – истакна денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. Според него, три односно четири мерки од Планот 3-6-9 се означени со црвено. Нивното спроведување доцни поради комуникацијата меѓу политичките партии – соопшти Османи. Тој не конкретизираше за кои мерки се работи, но рече дека се однесуват на законите од областа на правосудството и безбедносните служби.

И покрај ова, Османи оценува дека постои напредок во комуникацијата меѓу политичките партии, макар што се уште нема конечен епилог.

„Добро е што има комуникација, се гради базична доверба помеѓу страните во овој случај. Мислам дека работните групи се суштински навлезени во решенијата. Нема конечен епилог, но сметам дека прашањето со Законот за јазици треба да биде дел од пакетот и со вчерашните случувања може да го помести целиот процес“, изјави Османи кој рече дека предвидените реформи нема да завршат со април, туку ќе се динамизираат и ќе се рефлектираат во духот на секојдневниот живот.

Нвладиниот сектор пак, пред два дена презентираше извештај од следењето на спроведувањето на мерките од Планот 3-6-9. Според Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Владата во шесте месеци била помалку транспарентна отколку во првите три од спроведувањето на мерките и не објавила фактографски извештај за да види јавноста што е исполнето.

Овој План, дел од министрите го презентираат пред амбасадарите на земјите членки на Унијата, а на 13- март ќе биде презентиран во Брисел

Емил Холидеј

Технички уредник, посветен на својата работа. Негова пасија се компјутерите и следење на новите технологии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pin It on Pinterest

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
РАДИО ХОЛИДЕЈ