СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Ќе има ли решение за достава на гас и по нова година

Од Владата се оптимисти дека брзо ќе се најде решение за снабдување со гас откако Макпетрол соопшти дека од 1 јануари ќе ги за затвори славините до своите потрошувачи. Разговори се водат, но кој би бил снабдувачот, министерот за економија не открива. Во игра се компании од повеке земји, вели Бектеши.

Во време на енергетска криза Македонија не смее да се потпира само на еден  извор на снабдување со гас.

Монопол не смее да се дозволи, порача Бектеши. Ќе се бара одговорност од сите учесници на пазарот кои не ги почитуваат обврските.

Доколку не се најде решение од Нова година нема да има гас за парно за домакинствата во Скопје, Клиничкиот, училиштата, без гас ќе останат, а најголемите компании и фабриките во зоните. Директорот на Тирз не верува дека ќе влеземе во ова сценарио, Вели  дека добил уверување од надлежните дека гас ке има.

Макпетрол ја донесе одлуката поради прерано потпишаниот договор помеѓу „Гама“ и „Булгартранс гас“ од Бугарија, со што како наведуваат се наметнуваат нови услови за работа, кои за нив не се применливи.   Компанијата побарала пролонгирање на старите услови ни не наишла на разбирање.

„Макпетрол“ АД Скопје, во согласност со Договорот за интерконекција, побара од државната компанија „ГА-МА“ АД Скопје да обезбеди согласност од „Булгартрансгас“ да продолжи со работа според старите услови, заклучно со 30 септември 2023 година, во кој период би се донеле сите подзаконски акти и сите учесници на пазарот на природен гас би се подготвиле за новиот начин на работа, кој е многу посложен од досегашниот, се наведува во соопштението на компанијата

Од ГАМА за Сител велат дека Регулаторната комисјата за енерегика утре ќе бара решение и надминување на проблемот. На состонок се поканети  сите учесници на пазарот со гас.

Гас во земјават користи индустријата, ТЕ-ТО и топланите, кои ако го снема – ќе се префрлат на дизел. Од ЕСМ  информираат  дека веќе имаат понуди за снабдување со гас од други оператори.

Инаку до сега, Макпетрол го имаше целосно закупено гасоводот од Гаспром. По потпишување на договорит во Бугарија се ослободија дополителни количини за диверзификацијата, односно  освен од Гаспром , гас да може да стигнува и од други извори.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content