СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Ќе заживее ли интернет продажбата на земјоделски производи

Светле Пупунческа од Прилеп, магистер е по економски науки. Со семејството произведува бостан, пиперки, кромид. Преку зимата и тестенини. Пандемијата и брзиот начин на живот наложи он-лајн продажба на производеното. Го прифаќа тоа и смета дека е иднината за руралната жена, производителка. Таа е искрена во споделувањето на искуствата и на она што не очекува. особено во овој пандемиски, а и потоа, постпандемиски период.

Прошетката во зелениот пазар во прилеп ни донесе сведоштва на жените-земјоделки. Тие не знаат многу за Интернет-продажбата, ама се подготвени да научат ако им се објасни. Илинка Кузеска 40-тина години продава на зелениот пазар. Имаат големо производство на јаболка. Не е запозната со електронската продажба, ама ако има помош, да ја запознаат со начинот, зошто да не. Ќе се продаде родот кој, голем дел, им останува и скапува.

Лилјана Јоноски, извршен директор на „Рурална коалиција“, која ја потегна идејата за Е-пазарот за жените земјоделки смета дека тоа е излезот од ситуацијата со пандемијата, со новиот начин на живот. Жените земјоделки се најпогодени во целата ситуација.

Во овој момент на оплатформата „Наша тезга“ се вклучени повеќе од 100 жени кои ги промовираат своите производи и преработки.

На порталот „Наша тезга“ многу лесно може да се реaгистрираат сите жени, зашто ова е женски рурален пазар. Се пополнуваат само основните податоци, производството кое го имаат жените-земјоделки и кратка приказна за начинот на производството.

-Отворена е за сите жени-производителки од сите Плански региони. Се раскажуваат сите приказни како се произведува. Овозможено е на едно место да се најдат сите производи на жените и секако, производите да завршат на трпезите кај граѓаните, заклучува Лилјана Јоноски, извршен директор на „Рурална коалиција“.

Оваа 2022 година е со нови предизвици. И модерни. Можеби ќе донесе „бум“ за електронската продажба на производите на жените-земјоделки. Тие се желни да ги раскажат приказните како се произведува. И да „споделат“ искуства.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content