СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Што сè се менува на Фејсбук профилите од 1 декември?!

Фејсбук отстранува неколку полиња кои содржат информации за профилот, вклучувајќи религиозни и политички ставови.

Фејсбук ги информираше корисниците дека ќе отстрани четири полиња со информации од профилот почнувајќи од следниот месец. Овие полиња вклучуваат религиозни ставови, политички ставови, адреси и полето „заинтересирани за“, што укажува на сексуалната ориентација на корисникот. Промената ќе стапи на сила на 1 декември. Портпаролот на компанијата рече дека причината за промената е да се олесни користењето на социјалната мрежа.

„Како дел од нашите напори да ги олесниме навигацијата и користењето на Facebook, отстрануваме неколку полиња на профили: заинтересирани за, религиозни ставови, политички ставови и адреса. Испраќаме известувања до лицата кои ги пополниле овие полиња, известувајќи ги дека ќе бидат отстранети“, се вели во соопштението на компанијата.

Известувањето укажува дека другите кориснички информации ќе останат на нивните профили заедно со останатите контакти и основни информации.

Одлуката на Facebook да се ослободи од овие специфични полиња на профили е дел од напорите да ја подобри својата платформа, која моментално се состои од неколку функции кои се малку застарени.

Вреди да се напомене дека полињата на информации кои „Фејсбук“ реши да ги отстрани се оние што другите големи социјални мрежи не ги нудат. Платформите како Инстаграм и Тик-Ток имаат шема на едноставни биографии што им овозможуваат на корисниците да споделуваат информации за себе без да навлегуваат во конкретни детали, како што се политички или религиозни ставови“.

Во минатото, луѓето можеби биле заинтересирани да ги пополнат своите профили со дополнителни информации, но како што правилата за приватност стануваат појасни и подефинирани – корисниците можеби повеќе нема да сакаат да споделуваат дополнителни детали за себе онлајн.

Инаку, „Мета“ минатата недела отпушти 11.000 работници, што е околу 13 отсто од нејзината работна сила.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content