СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Што да подарите за 8-ми март доколку сте со ограничен буџет?

Овие подароци се евтини и се одлични доколку немате многу пари за трошење.

1. Цвеќе

Овој подарок е класика со која не можете да згрешите. Веројатно не постои личност која не се расположува кога ќе виде убав цвет. Покрај тоа, не мора да купувате само каранфил или рози, пуштете ја вашата фантазија и направете ваш букет.

 

2. Фотографија

Кога последен пат сте испечатиле фотографија? Најверојатно многу одамна. Па затоа ова може да биде совршен подарок за Денот на жената. Најдете некоја заедничка фотографија која буди убави сеќавања, испечатете ја и подарете ја. Сигурно нема да погрешите.

3. Филмска вечер

Подарокот, се разбира, не мора да биде предмет. Денот на жената е одлична прилика со саканата личност да изгледате филм со силна хероина. Доколку можете да одвоите некој денар, киното е одлична опција. Во спротивно, филмската вечер можете да ја одржите и дома и да направите ваша приватна забава.

4. Храна

Постои ли личност што не сака храна? Веројатно не. Без разлика дали станува збор за вечера во ресторан, хамбургер во некој сендвичара или чоколадо од продавница, храната секогаш е сигурен подарок.

5. Женско излегување

Одлична можност да организирате женско излегување со пријателките. Доколку немате пари за излегување, забавата секогаш можете да ја одржите и дома.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content