Шесто издание на Деновите на финансиската писменост
Деновите на финансиската писменост, коишто се организираат по шести пат, годинава ќе се одржат од 23 до 25 ноември, со обезбедување на предавања на повеќе теми за секој заинтересиран граѓанин.
Организатори се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот финансиски сектор.
Народната банка, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, упатува јавен повик за сите заинтересирани граѓани да го пријават својот интерес за учество на едукативни предавања, кои ќе се одвиваат преку видео конференциска врска.
Предавањата кои ќе се спроведуваат во рамки на одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, се со цел да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
Јавниот повик и повеќе информации за пријавување за учество на е-предавањата, можете да најдете на https://www.nbrm.mk.