СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Четврти меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2020

Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (NAIM) ги повикува сите домашни пронаоѓачи и иноватори да се пријават за учество на Четвртиот меѓународен саем на патенти, иновации и нови технологии ИНОВАМАК 2020. Со оглед на познатата ситуација со Ковид 19 пандемијата, Саемот ќе се одржи on-line, од 9. до 11 ноември 2020. На 11 ноември на веб-страницаta www.naim.mk ќе биде објавен официјалниот каталог на саемот, со сите пријавени патенти и иновации, заедно со наградените добитници. Наградите се златни, сребрени и бронзени медали со ликот на познатиот пронаоѓач Михајло Пупин.

Крајниот датум за пријавување е 31. октомври 2020. Учеството на ИНОВАМАК 2020 е бесплатно! Заинтересираните треба да ја пополнат пријавата објавена на www.naim.mk . Дополнителни информации на [email protected] или на тел. 075-376-831 и 075-228-344.

 

Со оглед на стекнатиот меѓународен углед што го постигнаа претходните три саеми ИНОВАМАК (минатата година учествуваа 20 земји со вкупно над 100 патентирани пронајдоци!), оваа година се очекува да учествуваат повеќе од 25 земји, и покрај проблемите што произлегоа од пандемијата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content