СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Цената на лебот останува замрзната до крај на јуни

Владата на Република Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки.Со Одлуката, се продолжува примената на веќе утврдени највисоки трговски маржи, од 30 април 2023 година, до 30 јуни 2023 година, за следниве стоки:–  за леб бел (сечен на парчина или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало и– за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, во утврдената висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content