СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

(Фото галерија) Пyкaње и апceње среде бел ден пред градскиот пазар во Прилеп

Попладнево апсење и пукање пред градскиот пазар во Прилеп, пренесе Маркукуле.

Имено како што дознаваме додека комуналните инспектори при општина Прилеп интервенирале на отстранување дива тезга, сопственикот на тезгата според очевидци се обидел да ги прегазе со комбе.

На тоа интервенирал полициски службеник кој испукал неколку кypшyми во гумите на возилото со цел да го спречи разбеснетиот возач. Очевидци велат дека полицискиот службеник бил принуден да интервенира на ваков начин со цел да се спречи поголема тpaгедиja.

Лицето потоа било совладено од полициските службеници и приведено. Повеќе детали очекуваме од СВР Битола во текот на денот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content